(Видео) Јокиќ шоу во Атланта – Денвер ги декласира Хокс

Никола Јокиќ зад себе има уште една маестрална партија во НБА лигата. Центарот на Денвер Нагерс во победата во Атланта имаше учинок од 48 поени, 14 скока, осум асистенции и три украдени топки.

Во ноќта меѓу саботата и неделата, Јокиќ постигна 56 поени за Вашингтон за рекорд во кариерата, за само 24 часа подоцна постигна 48 поени против Алтанта. Во интервал од 24 часа, Јокиќ постигна 104 поени.

Ова беше втор последователен натпревар за актуелниот МВП на најсилната лига со бројки 45/10/5 во клучните категории. Јокиќ е само вториот играч во историјата на НБА кој успеал да искомбинира два вакви натпревари. Пред него тоа успеа да го направи само Вилт Чембрлен во далечната 1963 година.

Се истакна и со кош од половина терен со звукот на сирената на крајот од првото полувреме.

Запрашан за неверојатните два натпревари, актуелниот МВП немаше посебен коментар, но одговори во свој стил.

„Не знам што точно е причината за моите ефикасни игри. Можеби топката е малку повеќе во моите раце, најчесто минува низ обрачот… Една од оние вечери“, изјави Јокиќ.

Тој потоа ги пофали своите соиграчи за многу подобрата игра отколку против Визардс, кога рече дека решението можеби е намалување на дел од нивните плати или испраќање на клупата.

Против Атланта Мајкл Портер јуниор постигна 26 поени, Крситијан Браун 17, а расел Вестбрук имаше девет поени и 11 асистенции.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО