Мурињо: Не го сакам Роналдо во Фенербахче

Турските медиуми неодамна пишуваа дека Жозе Мурињо го сака во својот тим Кристијано Роналдо. Португалскиот стручњак, сега тренер на Фенербахче и португалскиот напаѓач работеа заедно во Реал Мадрид, а Мурињо веќе ја демантираше можноста за нивна соработка во Истанбул. Тој тврди дека е среќен со напаѓачите кои ги има и дека Един Џеко, Ченк Тосун и Јусеф Ен-Несири се неговата добра напаѓачка основина.

„Кристијано Роналдо нема да дојде. Најважната причина е што имам тројца добри напаѓачи и не ми треба уште еден. Кристијано секогаш ќе биде Кристијано, но јас не го сакам. Задоволен сум со напаѓачите што ги имам. Тој заработува многу пари во Саудиска Арабија и си постави за цел да постигне 1000 гола. Тогаш што би можело да го мотивира да дојде освен убавината на Истанбул?“, изјави Мурињо.

„Не ми се допаѓа јануарскиот преоден рок затоа што на играчите кои доаѓаат им треба време да се прилагодат. Не отфрлам трансфери, но не тропам на вратата на управата и ги барам“, додаде тренерот.

Со 36 постигнати голови неговиот тим е најефикасен во турската Суперлига. Кристијано Роналдо постигна 10 гола на 12 првенствени натпревари за Ал Наср оваа сезона и вкупно 16 на 19 одиграни натпревари.

Според податоците на „Трансфермаркт“, во кариерата одиграл 1247 натпревари за клубовите и репрезентација и постигнал 910 голови. Тој е под договор до јуни следната година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО