Бразилскиот фудбалер Оскар (33) по осум години го напушта Шангај Порт. Офанзивниот играч за врска се прости од навивачите кои го скандираа неговото име по ремито со Гвангжу (1:1). За Шангај Порт, Оскар одигра 248 натпревари, постигна 77 гола и забележа 141 асистенција, освои пет трофеи.
Кариерата ја започна во Сао Паоло, а потоа замина во Интернасионал од Порто Алегре. Неговиот најдобар период беше од 2012 до 2017 година, кога постигна 38 и запиша 33 асистенции во 203 натпревари во Челзи, двапати ја освои Премиер лигата, по еднаш Лига Европа и Лига Купот на Англија.
Со оглед на тоа што играше во Челси и беше репрезентативец на Бразил, неговиот трансфер на 26 години во клубот од Шангај во 2017 година беше изненадување.
Шангај на Челси му плати 60 милиони евра за Оскар. „Дејли Мејл“, пишува дека во текот на осум години заработил околу 200 милиони евра. Не се знае дали ќе ја заврши кариерата, ќе дојде во Европа или ќе се врати во Бразил.