Јапонскиот фудбалер, Јуничи Инамото (46) објави крај на играчката кариера. „Чувствувам дека направив се’ што можев. Исто така, чувствувам дека повеќе не можам да му помогнам на тимот онаков каков што сум во моментов“, изјави тој за јапонските медиуми.
Последните две години тој настапуваше за петтолигашот Нанкацу, а во кариерата го носеше дресот на Гамба Осака, Арсенал, Фулам, ВБА, Галатасарај, Ајнтрахт, Рен и неколку јапонски клубови.
Заедно со Шинџи Оно и Наохиро Такахара, Инамото беше дел од јапонската „златна генерација“, која го освои среброто на Светското првенство (СП) за играчи до 20 години во 1999 година. За јапонскиот тим забележа 82 настапи и постигна пет гола.
– Фудбалот е само забава. Опкружувањето е различно кога станува збор за Арсенал или Нанкацу, но нема промени во фудбалот како спорт. Борбата за место во тимот, потоа победите на натпреварите се искуства кои се незаменливи и многу забавни, додаде тој.