Њукасл успеа да ја запре серијата победи на Ливерпул, а во исто време Манчестер сити ја прекина низата порази. Вечерва добрата форма ја потврдија фудбалерите на Челси и на Евертон.
На „Сент Џејмс парк“, Њукасл двапати водеше против лидерот, кој успеа да го преземе водството во 83.минута, но Шер во последната минута спаси бод за „страчките“ по киксот на голманот Калахер.
Алкесандер Исак погоди во 35.минута, откако се ослободи од Ван Дајк, а потоа со прекрасен удар го совлада Келехер. Ливерпул изедначи во 50.минута преку Џонс, а 12 минути подоцна Гордон му ја врати предноста на Њукасл. Потоа на сцена стапи Салах со два гола во 68. и 83.минута за целосен пресврт на Ливерпул.
Сепак, во 90. минута Келехер направи голема грешка, погрешно го процени летот на топката по центаршутот на Бруно Гимараеш, а дефанзивецот Шер на втората статива го постави конечниот резултат, 3:3.
Манчестер сити го победи Нотингем форест на „Етихад“ со 3:0. Во редовите на Сити се врати Кевин Де Брујне и ја врати насмевката на лицето на Пеп Гвардиола.
Белгиецот за прв пат од средината на септември беше стартер во Премиер лигата и со капитенската лента ги предводеше „граѓаните“ до првата победа по седум последователни натпревари без победа. Во таа серија Сити загуби четири натпревари во Премиер лигата.
Бернардо Силва го отвори резултатото во осмата минута, Де Брујне зоглеми на 2:0 во 31., а точка на натпреварот стави Доку во 57.минута.
Челси убедливо славеше во Саутемптон со 5:1, а Евертон го прегази Вулверхемптон со 4:0.