Скинатиот вкрстен лигамент на левото колено го прекина враќањето на Австриецот Марсел Хиршер на врвното скијање. Осумкратниот победник во Светскиот куп (СК) тешко го повреди коленото во понеделникот на тренингот во Рајтералм, објави агенцијата АПА.
– Врстениот лигамент го нема, проектот заврши! За жал повредите се дел од скијањето. Можеби конечно завршив со моето патување. За прв пат од прва рака ја доживувам здодевната тема за вкрстените лигаменти што толку многу скијачи мораа да ја искусат.
Овие осум месеци беа интензивни и многу се забавував. Би сакал да им се заблагодарам на сите што го овозможија ова неверојатно патување и ме придружуваа на него, објасни Хиршер во емисијата по успешната операција..
Хиршер, кој се натпреварува под холандско знаме сезонава, се врати во СК пет години по пензионирањето и го освои 23-то место на велеслаломот во Зелден.