(ВИДЕО) Шифрин се јави од болница по тешкиот пад: „Нема место за поголема загриженост“

Американката, Микаела Шифрин, најдобрата светска скијачка, доживеа несреќа на патеката во Килингтон, САД. Таа падна на средината од патеката по што заврши во болница и ќе паузира некое време.

Падот се случи откако таа ја загуби контролата над скиите за време на велеслаломската трка по што заврши во заштитната ограда.

Американката се огласи од болницата и на својот Твитер (Х) профил напиша: „Ви благодарам за поддршката и за навивањето. На девојките кои скијаат им посакувам се’ најдобро, ќе навивам од страна“.


Во видеото, таа потоа рече: „Во овој момент нема место за поголема загриженост, само не можам да мрдам. Имам прилично голема гребнатина и нешто како да ме боде. Едноставно не можам да се движам.

Простете што сите ве исплашив, но изгледа дека сите наоди се во ред. Ви благодарам за поддршката и за грижата“, рече Шифрин.

Американката беше фаворитка за победа на трката, што ќе беше јубилејна 100-та за неа во Светскиот куп (СК). Но, Шифрин ќе мора да почека на некои подобри денови за да го постигне тоа.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО