Косово возвраќа: Ќе ја тужиме УЕФА!

Европската фудбалска унија (УЕФА) и додели победа на Романија со службени 3:0 против Косово во Лигата на нации (ЛН), откако фудбалерите на Косово го напуштија теренот во Букурешт поради скандирањето „Србија, Србија“ и „Косово е Србија“ на домашните навивачите во финишот од мечот при резултат 0:0.

Но адвокатот на Фудбалскиот сојуз (ФС) на Косово, Таулант Ходај е убеден дека Судот за спортска арбитража (CAС) со седиште во Лозана ќе донесе одлука во нивна корист и ќе ја укине одлуката со која загубија од Романија, и за сето тоа ја информираше јавноста преку Фејсбук.

„УЕФА одлучи резултатот на натпреварот да биде 3:0 во корист на Романија, но некои прекршоци на ФС на Романија не се земени предвид. Верувам дека конечната одлука ќе биде променета во САС, во корист на Косово, бидејќи веќе докажавме поголем број прекршоци од романскиот ФС кој реши да се прекине натпреварот, а влијаеше и на однесувањето на Косовски фудбалери“, напиша, меѓу другото, Ходај.

ФС на Романија казнет е со 50.000 евра и еден натпревар без присуство на публика поради расистичко или дискриминаторско однесување на навивачите, истакнување провокативни политички пароли, фрлање предмети на теренот и палење факели.

Романија е казнета и затоа што навивачите користеле ласери, ги блокирале премините и се однесувале недолично при изведувањето на националните химни.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО