Во Париз е извршен грабеж на тенискиот комплекс Ролан Гарос. Француските медиуми објавија дека инцидентот се случил ноќта четврток кон петок. Сторителите на делото влегле во комплексот и упаднале во неколку канцеларии. Украле 11.000 евра готовина и накит вреден 20.000 евра.
Француската тениска федерација соопшти дека полицијата во моментов го истражува грабежот.
Комплексот Ролан Гарос се наоѓа во 16. округ на Париз. Секоја година таму се одржува еден од четирите грен слема во светот – Отвореното првенство на Франција.