Дивац: Како што стојат сега работите, згрешив со Дончиќ

Владе Дивац во своето последно интервју зборуваше на повеќе теми за кошарката глобално и за периодот кога тој беше генерален менаџер на Сакраменто Кингс.

На многумина ги интересира зошто во тој период, Дивац не се обидел да го драфтува Лука Дончиќ, поради кој меѓу редови сега признава дека можеби направил грешка.

Имено, легендата на српската и југословенска кошарка, на драфтот во 2018 година, имаше право да избира кошаркар за драфт. Но тогаш Сакраменто го избра Деандре Ејтон, локално момче кое им беше потребно во тимот.

Сакраменто имаше право на избор на повеќе извонредни играчи, а меѓу нив беше и Лука Дончиќ, на кого од старт му предвидуваа блескава кариера на суперѕвезда, затоа што со 17 години тој веќе доминираше со Реал во Евролигата, а со Словенија освои златен медал на ЕП 2017.

Меѓутоа кога сите очекуваа дека Сакраменто ќе го повика Марвин Бегли, крилниот центар, кој подоцна беше трејдуван во Детроит. Па од оваа временска дистанца, Дивац признава дека погрешил во проценките со Дончиќ.

– На таа позиција веќе го имавме Де Арон Фокс, кога го драфтувавме година порано. Во тој момент сметав дека Фокс е играч кој во следниот период може да стане играч на франшизата. Времето ќе покаже дали погрешив. Но како што стојат сега работите, изгледа дека згрешив, но имам верба во младиот Фокс дека ќе има подобра кариера, порача Дивац.

Во тоа време се пишуваше дека наводно Дивац е во доста лоши односи со таткото на Лука Дончиќ, Саша, па дека тоа е еден од факторите поради кои Сакраменто не направиле драфт на Лука.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО