Поранешниот фудбалер Луис Фиго ја коментираше најавата за штрајк, за која прв проговори Родри од Манчестер сити.
Шпанецот јавно го изрази своето незадоволство поради големиот број на натпревари и најавеното продолжување на сезоната, која во тој случај би траела до средината на јули, што на никој во фудбалскиот свет не му се допаѓа.
Покрај Родри, во изминатите неколку дена уште неколку врвни фудбалери се заканија со штрајк. Според нив ФИФА и УЕФА само трупаат натпревари, а пред да донесат такви одлуки никој од двете организации не се консултира фудбалерите.
Познатиот португалски фудбалер проговори за најавениот штрајк.
-Секако, ова е секогаш комплицирана тема за разговор. Играчите имаат договор со субјектот, односно клубот, и наше е да го најдеме најдоброто решение. Логично е дека има се повеќе и повеќе натпревари , тоа е едноставно е ефектот на снежна топка што се тркала надолу. Повеќе натпревари поголеми плати, ако се намали бројот и платите треба да бидат намалени. Потребно е да се најде вистинскиот баланс, но тоа е тешко, рече Фиго.