САД опен: Синер преку Медведев до полуфиналето, Дрејпер подобар од Де Минор

Светскот рекет број 1, Италијанецот, Јаник Синер се пласира полуфиналето на САД опен,  а местото меѓу најдобрите четворица на турнирот во Њујорк го обезбеди победувајќи го Русинот, Данил Медведев, победникот на овој турнир 2021-та, со 6:2, 1:6, 6:1, 6:4, за 2,39 часа игра.

Ова беше 13-ти меч меѓу Синер и Медведев и шеста победа на италијанскиот тенисер. Медведев ги доби првите шест меѓусебни средби. Потоа Синер победи пет пати, а таа серија заврши во четвртфиналето на Вимблдон годинава. Синер во 2024-та има скор од 53 победи и пет порази.

Натпреварот меѓу Синер, победникот на годинашното издание на Австралија опен, и Медведев беше последен меч за полуфиналето, по што се познати двојките. Синер утревечер ќе игра против младиот, 22-годишен Британец, Џек Дрејпер, 25. носител на турнирот, за кого ова е најдобар резултат на грен слем турнирите.

Дрејпер, кој е првиот британски теиисер, полуфиналист во Њујорк, по Енди Мареј во 2012-та, беше подобар од Австралиецот, Алекс де Минор во три сета со, 6:3, 7:5 и 6:2.

Во второто полуфинале ќе играат двајца локални претставника, 12-от носител, Тејлор Фриц и 20-от, Френсис Тиафо. Како и за Дрејпер, полуфиналето на САД опен се нивните најдобри резултати на турнирите од најсилната категорија.

Полуфинални двојки: Синер – Дрејпер; Фриц  – Тиафо

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО