Драган Стојковиќ Пикси: „Не сакам да коментирам и да реплицирам преку медиуми“

Фудбалската репрезентација на Србија не се прослави на Европското првенство (ЕП) во Германија, а сега ја очекуваат нови предизвици. Прв посериозен тест е утрешниот натпревар против европскиот првак, Шпанија во Лигата на нации (ЛН) во Белград,

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ Пикси на денешната конференција за новинарите зборуваше за многу теми, а неодминливи беа и случувањата, односно смените во Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) и разрешувањата на генералниот сектерат, Јован Шурбатовиќ и на спортскиот директор, Мирослав Тањга и нивните реакции.

– Знаете како, не би сакал да давам никакви коментари и да реплицирам преку медиумите. Секој има право да каже што сака, што мисли. Јас би застанал таму.

Што се однесува до проблемите во српскиот фудбал, ги имаме за извоз. Од моето доаѓање, постојано има проблеми. Ништо изненадувачки. Не би сакал никому да коментирам, расправам и да реплицирам.

Јас сум тренер, фокусиран сум на тоа, не се занимавам со кадровски прашања и решенија, ниту пак управувам со политиката на ФСС. Тоа да се знае еднаш и засекогаш.

Не ми се допаѓа тоа што моето име се споменува и се меша во овие работи. Тоа е тенденциозна работа што не ја разбирам. Јас сум тренер и се занимавам со тимот, се трудам да ја работам работата најдобро што можам, изјави Стојковиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО