КС на Србија не ја прифаќа оставката на Даниловиќ?

На седницата на Управниот одбор (УО) на Кошаркарскиот сојуз на Србија (КСС) не му била прифатена оставката на претседателот, Предраг Даниловиќ!

Даниловиќ истакнал дека се решил на тоа бидејќи не сака да се менува статутот на Федерацијата и по осум години, тој и натаму да биде на нејзино чело.

На седницата, како што пишува Курир, било истакнато дека постигнувањата на КСС, и резултатите на репрезентативните селекции, се подобри од било кога и дека за време на мандатот на Даниловиќ се освоени дури 32 медали што е неверојатен успех.

Предраг Даниловиќ е на чело на КСС од 2016 година, а потоа беше реизбран во декември 2020 година.

Летово, сениорите освоија олимписка бронза, светско (2023) и европско сребро (2017-та), жените беа европски шампионки (2021) и бронзени (2019-та).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО