(ФОТО/ВИДЕО) Трча побрзо од Болт на рана возраст!

Речиси неверојатна вест доаѓа од Велика Британија. Младиот Дивајн Ajхим (Divine Iheme) постави нов светски рекорд на 100 метри, во конкуренција до 15 години!


Ајхим, 14-годишното момче (роден е на 1 октомври 2009-та) со потекло од Нигерија, делницата ја истрчал за 10,30 секунди, и го соборил рекордот на Сачин Денис од Јамајка, кој изнесуваше 10,51 секунди.


Ајхим го освоил четвртото место во неговата група на натпреварот во Ли Воли, но треба да се напомене дека тој се натпреварувал со постара возрасна категорија од него и оти овој резултат е историски на повеќе начини.

Останува да се види дали светот наскоро ќе добие нов Јусеин Болт и дали некој некогаш ќе им се закани на неговите 9,58 секунди.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО