Италијанскиот тенисер, Јаник Синер се соочува со сериозни контроверзи откако двапати беше позитивен на допинг тест за време на турнирoт во Индијан Велс во март.
Иако овие информации брзо протекоа, АТП дури неодамна објави дека Синер е „ослободен од обвиненијата“, што предизвика бројни контроверзи и сомнежи за правдата и за транспарентноста во тенисот.
Социјалните мрежи се вжештија од коментари и дискусии. Додека некои се обидуваа да го одбранат Синер, некои отидоа чекор натаму и во оваа приказна го вклучија Новак Ѓоковиќ!
Една објава на Х (Твитер), во која се претставени „докази“ за Ѓоковиќ, кој наводно користи недозволени супстанци, прегледана е повеќе од 20 милиони пати! Објавата содржи 17 неточни информации поврзани со Ѓоковиќ, вклучително и неточни толкувања на снимки од натпревари, пренесуваат српските медиуми.
На пример, снимката од полуфиналето на Австралија опен 2012 година покажува дека Ѓоковиќ „пие волшебна напивка“, но во реалноста тој само јаде урми, што е негова практика за добивање енергија за време на натпреварите. Ова видео досега го виделе 23 милиони луѓе.
Daily reminder that Novak Djokovic is the biggest doping suspect the sport has ever seen.
A thread 🧵
1. Novak Djokovic v Andy Murray – Australian Open 2012 Semifinal.
A camera catches Novak Djokovic pretending to dry his face with a towel, but he was drinking a magic potion. pic.twitter.com/Y47m1rUPLH
— rafa🐐🥇🥇 (@nadalprime) August 21, 2024
Покрај неоснованите обвинувања што се шират на мрежите, Ѓоковиќ и во минатото беше мета на слични критики, меѓу кои и ситуации кога неговиот тим подготвуваше пијалоци.
На ова Ѓоковиќ реагираше со насмевка, зборувајќи за својата „волшебна напивка“ во контекст на изотоничен прав со кој играше на Вимблдон 2022 година.
Nadal fans have viralised a thread showing Djokovic eating a date at a changeover👇 (ie the brown sweet fruit)
And have designated it as “doping”.🤦♀️🤡
We are clearly dealing with a mentally retarded hate cult. ☢️ pic.twitter.com/CrV6J0VMlc
— marramire (@marramirem5) August 23, 2024
Интересно, има и двојни коментари, па оние кои на цел глас лажно го обвинуваат Новак Ѓоковиќ, споредбено го фалат ликот и делото на Рафаел Надал!
Целата серија на објави е создадена на тој начин да се создаде сомнеж за практиката на Новак Ѓоковиќ и некако да се создаде лажна приказна за него и за допингот.
Како потсетување, Новак Ѓоковиќ од понеделник ја почнува одбраната на титулата на САД опен.