Синот на славниот мотоциклист, Мик Дуан, Џек ќе вози во Формула 1

Од светот на Формула 1 (Ф1) доаѓа веста дека младиот, 21-годишен Австралиец, Џек Дуан ќе добие место во тимот на Алпин на почетокот од следната година.

Францускиот тим објави дека Австралиецот, кој моментално има статус на резервен возач, ќе го замени отпуштениот Естебан Окон и ќе му стане колега на Пјер Гасли.

Дуан е член на академијата на Алпин од 2022 година, откако претходно го напушти јуниорскиот тим на Ред Бул. Минатата година тој беше трет во Формула 2 (Ф2) со три победи, а по објавата дека Окон заминува во Хас, се шпекулираше дека тој ќе биде промовиран.

– Многу сум среќен што од 2025 година ќе возам за Алпин во Формула 1. Има уште многу работа за да бидам подготвен, но ќе дадам се’ од себе. Возбуден сум, ова е голем, горд ден за моето семејство. Ќе го искористам овој момент за да работам уште понапорно од порано, изјави Дуан.

Џек Духан е син на славниот Мик Дуан, петкратниот светски шампион во мотоциклизам, во најсилната класа, до 500 кубици, сега МотоГП, од 1984 до 1988 година.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО