Синер може да „лета“ од САД опен?!

Јаник Синер e во центарот на допинг скандалот откако беше позитивен на два теста за време на турнирот во Индијан Велс. Во неговото тело била пронајдена забранетата супстанца клостебол.

Сега се поставува прашањето дали Светската антидопинг агенција (ВАДА) ќе се вклучи во целата работа. Според пишувањата на „Газета дело Спорт“ и на германските медиуми, ВАДА се’ уште не е консултирана во врска со „случајот Синер“, но има право да поднесе жалба на одлуката на АТП. Рокот за поднесување жалба е 6 септември.

„Внимателно ќе ги разгледаме сите документи и ќе го задржиме правото на жалба на одлуката“, рече претставник на ВАДА, сугерирајќи дека случајот ќе биде внимателно следен и од повисоките власти.

Одлуката за евентуален ангажман на ВАДА би можела да биде донесена за време на грен слем турнирот на САД опен во Њујорк каде што ќе настапи и Синер.

Доколку биде дисквалификуван за време на турнирот, тоа би имало значително влијание врз имиџот на ова престижно натпреварување, но и врз тенисот во целина.

ВАДА има 21 ден од одлуката на Независниот трибунал за спорт (ИТИА) да поднесе жалба до Судот за спортска арбитража (САС) во Лозана, кој би можел да ја донесе конечната одлука.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО