Брентфорд го ангажира Ван ден Берг од Ливерпул за 25 милиони фунти

Брентфорд го купи дефанзивецот на Ливерпул, Сеп ван ден Берг за 25 милиони фунти (околу 30 милиони евра). Ван ден Берг, 22-годишниот Холанѓанец, потпиша петгодишен договор со „пчелите“ откако ги одби понудите од повеќе други клубови, вклучувајќи го и германскиот шампион Баер Леверкузен.

Брентфорд првично ќе плати 20 милиони фунти, со дополнителни шест милиони како бонуси, а Ливерпул вклучил клаузула во договорот да добие 17,5 насто од свентуалната следна продажна на Ван ден Берг.

Тој му се приклучи на Ливерпул од холандскиот ПЕЦ Цволе во 2019 година, но забележа само четири сениорски настапи за „црвените“.

Минатата сезона тој одигра 33 натпревари во Бундеслигата во дресот на Мајнц, како позајмен играч. Претходно мина 18 месеци, исто така на заем, во Престон Норт Енд.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО