Откако беше објавена веста дека Италијанецот, Јаник Синер имал позитивен тест на клостебол, односно дека користел недозволена супстанца која се смета за допинг, многумина чекаа да видат како ќе биде пречекан на САД опен.
World No. 1 is in New York 📍 pic.twitter.com/WoJQntG67s
— US Open Tennis (@usopen) August 22, 2024
Таа вест предизвика вистински „земјотрес“ во светот на тенисот, многумина се побунија, поради тоа што Синер беше ослободен од било каква казна
Публиката во Њујорк го поздрави Синер со овации и со аплаузи на првиот тренинг што тој го одработи на стадионот „Артур Еш“. Таму имаше голем број гледачи кои дојдоа да го видат на спаринг дуелот против Бугаринот, Григор Димитров.
Tanto amore come sempre per Jannik ❤️ pic.twitter.com/TAg0g4CLjc
— Giovanni Pelazzo (@giovannipelazzo) August 22, 2024
Потоа Синер даваше автограми и потпишуваше топки, а потоа се сретна и со Новак Ѓоковиќ, кој имаше тренинг набргу по Италијанецот. Новак се приближи до клупата на Синер, срдечно се поздрави со светскиот рекет број 1 и разменија неколку зборови.
I would have liked the same. But novak is novak. Too kind and trusting towards anyone. Especially people who are nice to his face. This is from US Open today, where Djokovic practiced after sinner. pic.twitter.com/MK4O0EGfVQ
— Bharat (@AK180999) August 23, 2024