По ужасните сцени кои беа видени во Англија на натпреварот меѓу Нотингам и Борнмут, слични сцени беа видени и во Франција.
На натпреварот меѓу Нотингам и Борнмут настрада Данило, кој го скрши зглобот на левата нога. Данило, по еден дуел, лошо доскокна, при што му пукна ногата, а сè беше ужасно за гледање.
Уште полоши сцени се видени и во Франција на натпреварот меѓу Ремс и Лил. По дуелот меѓу Амаду Коне од Ремс и Адилсон Гомес, играчот на Лил остана да лежи на земја.Според реакциите на сите на теренот, ситуацијата е повеќе од сериозна, а наводно станува збор за повреда на главата кај Гомес.
Фудбалерот на Лил лежеше неподвижен на тревата повеќе од половина час, а продолжувањето на натпреварот беше под знак прашалник.
Конечно, Гомес беше изнесен од теренот по повеќе од половина час, и натпреварот беше продолжен