Атанасов го доби македонското дерби против Чурлинов во Полска

Јагиелонија загуби со 2-4 од Краковија во полскиот шампионат, а македонските интернациналци Дарко Чурлинов и Јани Атанасов беа дел од натпреварот.

Чурлинов беше стартер за Јагиелонија и асистираше при голот за водство од 2-1, но потоа Краковија успеа да направи целосен пресврт, а Атанасов влезе од клупата за резерви во 60. минута и во финишот асистираше за својот клуб.

Краковија е лидер во шампионатот со 10 бодови по пет одиграни меча, додека Јагиелонија е втора со девет бода.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО