Домагој Дувњак се простува од репрезентацијата на Хрватска

Легендарниот хрватски ракометар Домагој Дувњак најави повлекување кога станува збор за настапите во репрезентацијата.

Следниот предизвик за „коцкастите“ е Светското првенство на почетокот на 2025 година, кое меѓу домаќините е и Хрватска и тоа ќе биде последен пат да го гледаме Дувњак во дресот на Хрватска.

Сегашниот ракометар на Кил, кој веќе 10 години е дел од овој тим, во минатото играше во Хамбург и во Загреб. За Хрватска има одиграно 247 натпревари и постигнао 751 гол.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО