(ФОТО) Камерун го одликува Ембид за златото што го освои со САД?!

Џоел Ембид избра да не игра за Камерун. На неодамна завршените Олимписки игри (ОИ) тој освои злато во дресот на САД. Меѓутоа, во неговата родна земја не му замерија за тоа, напротив, го наградија.

Ембид го доби Орденот за храброст од родниот Камерун, за златниот медал во дресот на САД. Претседателот на Камерун, Пол Бија, му го врачи Признанието за „извонредниот придонес во различни области, вклучително уметноста, науката, земјоделството и трговијата“.


Ембид (30) е роден во Камерун и таму живеел до 16-та година, по што се преселил во САД. Тој можеше да бира за која репрезентација ќе игра, се шпекулираше дека тоа би можело да биде Франција, но на крајот реши да биде дел од „дрим-тимот“ на САД.

И покрај неговата посветеност на САД, Ембид ја навести можноста да го претставува Камерун на ОИ 2028 година во Лос Анџелес!

За разлика од неговата родна земја, во Франција не му простија што ги одби, поради што го исвиркуваа за време на олимпискиот турнир.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО