Англиската ѕвезда, Кол Палмер потпиша нов договор со Челзи до 2033 година. Минатата сезона младиот Англичанец играше одлично и поради тоа го продолжи престојот во Челси на уште две години, што значи дека доколку го одработи целиот договор, во Лондон ќе остане до 31-та година!
Тој си обезбеди место и во реперзентацијата на Англија на годинашното Европско првенство (ЕП) на кое го постигна израмнувачкиот гол во финалето против Шпанија, иако не играше многу во текот на целиот шампионат.
Фудбаскиот аналатичар, Пол Мерсон за Сај спорт (Sky Sports) изјави дека не ја разбира логиката како на толку млад играч, Челси можел да му понуди договор што ќе трае речиси 10 години.
– Не знам што прават, зборуваме за девет години. Тој имаше неверојатна сезона и е добар играч, но годинава целта на секој тим, кога ќе се соочуваат со него на теренот, е да ме дозволуви многу простор.
Сега му се дава деветгодишен договор, јас го сакам како играч, но и другите играчи добиваат договори на седум, осум, девет години, а никој не може да каже какви ќе бидат тие играчи за шест или седум години Тој беше неверојатен минатата сезона, и ќе биде тешко да повтори истото, изјави Мерсон.
Палмер кој минатата сезона постигна 25 гола на 45 настапи за Челси, првиот натпревар сезонава треба да го одигра против Манчестер сити в недела.