Манчестер сити се соочува со огромна парична казна, па дури и исклучување од Премиер лигата, доколку биде прогласен за виновен за сите обвиненија со кои се соочува.
Обвинението вклучува девет различни сезони во кои клубот не обезбеди точни финансиски извештаи за исплатите на поранешниот менаџер, Роберто Манчини и na неговите играчи. Во обвинението стои и дека тие не соработувале во истрагата.
„Тајмс“ тврди дека случајот требало да биде истражен во ноември минатата година, но според последните информации, целосната постапка треба да почне кон средината на септември. Секако, доколку нема законски одложувања, рочиштето ќе трае 10 недели.
Сити останува на ставот дека не е виновен и ги отфрла сите обвинувања. Тие веќе извесно време се соочуваат со 115 пријави, а пресудата се очекува следната година.
Најлошиот исход што може да им се случи на „граѓаните“ е испаѓање од Првата лига. Можно е и губење на бодови, тоа не би било прв пат да се случи, бидејќи минатата сезона Евертон и Нотингем форест го имаа истиот проблем, а доколку тоа се оствари, местото меѓу четирите најдобри ќе биде под знак прашалник.
Пред четири години УЕФА го исфрли Сити од Лигата на шампиони (ЛШ) на две сезони, но по жалбата до Судот за спортска арбитража (САС) забраната им беше укината.