Келиф тужи еден од најбогатите луѓе на светот, потоа Трамп, Роулинг…

Алжирската боксерка, Иман Келиф, за која многумина се’ уште тврдат дека е машко, реши да ги тужи сите што ја малтретираа на интернет за време на Олимписките игри (ОИ),

Во меѓувреме, се појавија информации дека меѓу лицата наведени во кривичната пријава поднесена до француските власти, за наводни „акти на тешко сајбер малтретирање“, се Илон Маск, Џ.К.Роулинг, па дури и Доналд Трамп!

Писателката која ја напиша серијата за Хари Потер, јавно кажа дека Иман е маж, тоа го тврдеше и еден од двајцата најбогати луѓе на светот Маск, додека Трамп ќе биде дел од истрагата поради „твитовите“.

Тужбата е поднесена против „Х“ лице, што според францускиот закон значи дека е поднесена против непознати лица. „Ова осигурува дека обвинителството ја има сета слобода да води истрага против сите лица“, вклучително и оние кои можеби пишувале навредливи пораки под псевдоними.

– Во тужбата, меѓу другото, именувани се Џ.К. Роулинг и Илон Маск. Доналд Трамп „твитна“, па без разлика дали е именуван во нашата тужба, тој неминовно ќе биде предмет на истрага на обвинителството, изјави адвокатот на алжирската боскерка, Набил Буди.

Повеќето од нападите врз Иман се случија преку социјалните мрежи, особено на платформата X (порано Твитер), а контроверзноста се интензивираше кога познатите личности се вклучија во дебатата.

Во една порака до нејзините 14,2 милиони следбеници, Роулинг објави слика од борбата на Келиф со италијанската боксерка, Анџела Карини, обвинувајќи ја дека е маж кој „ужива во болката на жената која штотуку ја удрила во главата“.

Маск, од друга страна, сподели објава на пливачот, Рајли Гејнс кој тврди дека „мажите не припаѓаат во женскиот спорт“ Сопственикот на платформата Х ја поткрепи оваа порака велејќи: „Апсолутно“.

Трамп објави порака со слика од борбата со Карини со коментар: „Ќе се залагам мажите да не бидат дел од женските спортови“!

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО