Откако спортскиот директор на Хајдук, Никола Калиниќ соопшти дека Иван Перишиќ го напушта Пољуд, првпат проговори и самиот Перишиќ, за „Далматински портал“ коментирајќи ја целата ситуација.
– Дојдов во Хајдук со надеж дека заедно ќе го оствариме сонот и ќе ја освоиме титулата. Имав добар договор во Тотенхем, и уште кога се повредив имав одлична понуда од голем странски клуб, каде што би имал фантастично услови за рехабилитација и барем исти шанси да играм.
Наместо тоа, на покана од управата и од навивачите на Хајдук, избрав да бидам без семејството кое живее во странство во надеж дека можам да помогнам во борбата за титулата и за пласман во Европа.
Перишиќ истакува дека играл и покрај советите на лекарите, ризикувајќи повреда со која би завршила кариерата.
– Дадов се’ од себе за да постигнеме заедничка цел. од првиот ден до денеска останав на договорот, но и на мојот збор. Двапати по ЕП одбив понуди од сериозни клубови за да му помогнам на клубот летово. Многупати го ставив моето здравје и моето семејство во втор план и не жалам затоа што не знам за друг начин.
Но во неделата вечер некој друг одлучи дека повеќе не му треба мојата помош, истакна, меѓу другото, Перишиќ, очигледно мислејќи на прес-конференцијата на Џенаро Гатузо на која Италијанецот откри дека пред 20-на дена му најавил заминување.