Муратоглу тврди дека можеби Надал е главниот „виновник“ за златото на Ѓоковиќ во Париз

Познатиот тениски тренер Патрик Муратоглу, смета дека Новак Ѓоковиќ добил дополнителна мотивација пред ОИ во Париз, односно дека таа мотивација можеби ја добил од Рафаел Надал.

Новак златото во Париз го освои без загубен сет и тоа е импресивно. Во второто коло го победи баш Рафа Надал, а потоа и други противници се до финалето.

– Мислам дека Новак Ѓоковиќ навистина имаше проблеми со мотивацијата до ОИ во Париз. Сите мислеа дека како Рафа, така и Ѓоковиќ е при крај. Но сигурно тоа влијаеше на него и доби мотивација. Рафа се врати од повредата, нивото му беше добро и сметам дека тоа веројатно му ја засили мотивацијата на Ѓоковиќ.

– Синер играше одлично, Алкараз беше добар, мислам дека тоа го погоди неговото его и тој се врати доста силен и конечно ја освои титулата, односно златото по кое толку многу копнееше цела своја кариера. Со тоа, тој ја комплетира својата колекција на трофеи, порача Муратоглу.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО