Симоне Инѕаги од управата на Интер побарал уште едно засилување за новата сезона.
Иако „нераѕурите“ ова лето во своите редови ги доведо Пјотр Зеленски, Мехди Тареми и Јосеп Мартинез, тука не е крајот веројатно, Инѕаги инсистира на доаѓање на уште еден играч, во дефанзивата.
– Трансфер периодот е отворен до крајот на месецот. Имаме дупка во одбраната и мора да ја пополниме. Разговарам со челниците на клубот и имам силно уверување и поддршка дека ќе го доведеме посаканото засилување. Се сретнав и со новите сопственици и тие се многу амбициозни, како и ние во екипата. Ќе разговараме дополнително на оваа тема, порача Инѕаги.
Инѕаги има неколку имиња кои ги посакува во одбраната на Интер, но на крајот пресудно ќе биде за колкава сума ќе се договорат да го ангажираат.