Килиан Мбапе е новата фудбалска атракција од редовите на Реал Мадрид, а шанса за прв настап ќе има во финалето од Скуперкупот на Европа, против Аталанта од Бергамо.
Мбапе пред почетокот од подготовките, беше на краток одмор, по што се врати во кампот на Реал Мадрид и работеше на кондициската подготвеност.
За 25 годишниот Мбапе, мечот против Аталанта ќе биде прва шанса да покаже зошто е донесен во Реал Мадрид и да се докаже на навивачите од кои ќе ја брка поддршката низ сезоните кои следуваат.
– Ќе го дадам животот за овој клуб, горд сум што го остварив сонот и станав играч на овој голем клуб, порача францускиот фудбалер.
Реал Мадрид несомнено дека очекува рекордна продажба на дресови во следниот период и незапамтен приход ширум светот.