Федерер го откри најомилениот меч во кариерата

Некогаш првиот светски рекет Роже Федерер, сега веќе ужива во пензионерските денови, а низ кариерата имаше мноштво на мечеви на кои сега со задоволство се присеќа.

Швајцарецот чија кариера траеше долго и во која освои 20 гренд слем титули, а во последното интервју, откри кој меч му бил најинтересен, односно најомилен.

– Да, јули 2001 година, мечот од Вимблдон со Сампрас. Не го знам датумот, не ми е во моментот во глава, но тој е тој меч, добро се сеќавам, против Пит Сампрас, мечот кој ми е најомилен во кариерата, порача Федерер.

Швајцарецот тогаш со 19 години во осминафиналето, како петти носител на турнирот, го победи Сампрас со 7:6 (7), 5:7, 6:4, 6:7 (2), 7:5.

– До тој меч, тој беше мојот херој, мојот пример, ми беше прв меч против Сампрас, но го победив, воедно беше и последен. Мислам и дека пуштив солза по тој меч, се надоврза Федерер.

 

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО