Австралијската брејкденсерка, Рејчел Ган (36) според многумина беше најлошата натпреварувачка на Олимписките игри (ОИ) во Париз. Таа стана сензација на интернет бидејќи со својот настап не освои ниту еден поен.
Судиите ја гледаа Ган во три изведби каде што таа отскокнуваше и се тркалаше на подот без ритам, а гледачите потоа шокирано коментираа на социјалните мрежи.
Ган се бранеше дека сите потези сама ги смислила и затоа се единствени. На крајот толку се „прослави“ што маркетинг експертот Макс Марксон тврди дека ќе стане милионерка: „Таа веќе има голем бренд, нејзината репутација во Австралија не е голема, но таа е позната во остатокот од светот.
She got zero points.
But we’re not allowed to criticize her because it makes her cry. Perhaps if her family and friends had been honest with her, she would not have globally humiliated herself. pic.twitter.com/Qa6SAu6Itg
— Sarah Fields (@SarahisCensored) August 12, 2024
Ќе добие меѓународни понуди од брендови за спортски обувки како Адидас и Пума, од прехранбени компании, електрични автомобили, а ќе добие и понуда од светот на телекомуникациите.
Новите ѕвезди потпишуваат договори со три до пет компании, а таквите договори се плаќаат по половина милион долари. Тој е на пат да заработи до 2,5 милиони долари“.
Многумина веруваат дека Ган, чие уметничко име е Рејгун, намерно се пошегувала со настапот за да добие на популарност.
This will never not be funny. 🤣 #Raygun pic.twitter.com/6hOKMyOue9
— Nara Hodge (@Nara_Hodge) August 12, 2024