Невремето целосно го уништи храмот на спортот, следи трка со времето

Една од постојките на Гран при во скијачки скокови требаше да биде Висла и ски скокалницата именувана по легендарниот Полјак, Адам Малиш, познат и како Малинка.

Но, спектаклот што требаше да се одржи на 17 и 18 август, беше одложен поради тоа што скокалницата претрпе огромни штети од силното невреме што минатата недела ја зафати Полска.

Најголема штета претрпе брановидното слетување кое беше целосно уништено, како и излезот од мостот. Се’ е во многу лоша состојба и прашање е дали организаторите за краток период ќе можат да ја подготват скокалницата за претстојниот спектакл.


Да биде целата приказна уште полоша, Висла требаше да биде домаќин и во зимската сезона, поточно од 6 до 8 декември кога на распоредот се квалификациите и две поединечни натпреварувања во рамките на Мундијалот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО