Лаутаро Мартинез го продолжи договорот со Интер

Аргентинскиот напаѓач, Лаутаро Мартинез (26) го продолжи договорот со Интер до 2029 година, соопшти италијанскиот фудбалски шампион.

„Интер потврди дека постигнал договор за продолжување на договорот со Лаутаро Мартинез, Тој потпиша договор кој истекува на 30 јуни 2029 година“, објави клубот од Ломбардија.

Мартинез пристигна на Сан Сиро во 2018 година од аргентинскиот Расинг за 23 милиони евра. На капитенот и најдобар стрелец на „нероазурите“ му преостанаа нешто помалку од две години од актуелниот договор, кој требаше да истече во 2026 година.

Но, по неколкумесечни преговори, тој ја продолжи верноста кон клубот до јуни 2029 година.

Италијанските медиуми пренесуваат дека според новиот договор тој треба да заработува девет милиони евра по сезона и бонуси. Во 282 настапи за Интер, Мартинез постигна 103 гола во сите натпреварувања, освојувајќи две титули во италијанскиот шампионат (2021 и 2024 година) и две титули вп Купот на Италија (2022 и 2023 година).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО