Минатиот петок Барселона го потврди трансферот на Дани Олмо од Лајпциг за 55 милиони евра. Со тоа Каталонците успеаја да ја реализираа една од главните трансфер цели летото, покрај се’ уште недостижниот, Нико Вилијамс.
Но, бидејќи Барселона е во прилично тешка финансиска ситуација секое ново потенцијално засилување, вклучително и Олмо, е проблематични со оглед на тоа што клубот има финансискА „дупка“ од околу 100 милиони евра за минатата 2023/24 сезона.
Барса во овој момент не може да регистрира играчи или нови засилувања. За да успее во тоа ќе мора да заврши добра работа на полето на излезните трансфери.
Младиот Бразилец, Виктор Роке беше блиску до заминување, но на крајот го одби трансферот во Саудиска Арабија. Гласините од Шпанија наведуваат дека клубот е подготвен да го пушти Френки де Јонг, поради тоа што од него би можеле да заработат „подебела“ сума пари, но нема ништо конкретно.
Се’ додека не дојде до некоја значајна промена, Олмо не ќе може да игра во „црвено-синиот“ дрес на официјалните натпревари. Проблемот е што во моментов Барселона нема премногу „материјал“ од што би можеле да добијат пари.
Според радиото „Кадена Сер“, единствен што има „име“, односно единствен во кого некој клуб би сакал да инвестира е споменатиот Де Јонг, кој пак е многу среќен во Барселона и не сака да си замине.
Роналд Араухо е потешко повреден и засега некој не е посериозно заинтересиран за него. Слично е со Рафиња чија вредност значително се намали по пристигнувањето во каталонскиот клуб.