Триумфира на ЕП, потпиша за Милан, па остана без сопругата…

Шпанскиот фудбалер, Алваро Мората во понеделникот наутро ја „шокираше“ јавноста, бидејќи објави дека се разведува од својата сопруга со која има четири деца!

Мората се ожени со Италијанката, Алис Камплео во 2017 година, по една година откако се запознаа. Важеа за „двојка од соништата“, но изгледа дека не е се’ како што се замислува.

– По малку размислување, јас и Алис донесовме одлука да се разделиме. Тоа беа прекрасни години и резултатот од нив се нашите четири деца, кои несомнено се најдоброто нешто што сме го направиле.

Тоа е болна одлука, затоа бараме почит и емпатија. Алис секогаш ќе има посебно место во моето срце и се’ што доживеавме заедно беше неверојатно и големо искуство, напиша, меѓу другото, Мората.

Алис исто така се огласи преку социјалните мрежи.

– Јас и Алваро решивме да се разделиме и тоа е најтешката одлука што сме ја донеле во животот. Сакам да појаснам, дека немало трети лица или некакво непочитување.

Можам само да кажам дека во овие осум години покрај мене имав личност која не направи ништо освен што ми даде приоритет, се грижеше за мене и ме почитуваше и затоа не можам да дозволам никакви лажни шпекулации, напиша Алис.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО