Победникот во Лига Европа (ЛЕ), Аталанта, во Варшава, Полска на 14 август, во Супер купот на УЕФА ќе игра против актуелниот шампион на Европа, Реал Мадрид.
Тренерот на Италијанците, Џан Пјеро Гасперини, вели дека тоа е меч за алманахот на клубот.
– Тоа ќе биде извонреден настан за Аталанта, за Бергамо, за клупската историја. Играме против тим што освоил најмногу трофеи во светот. Треба да бидеме горди.
Не’ чека навистина инспиративен момент за цело Бергамо, за сите навивачи. Тоа е можеби врвот во историјата на Аталанта, изјави тренерот на Аталанта за официјалната интернет страница на УЕФА.