Најдобрата српска атлетичарка, Ивана Шпановиќ не успеа да се пласира во финалето во дисциплината скок во далечина на Олимписките игри (ИО) во Париз.
Во полуфиналето таа заврши на 16. место со резултат 6,51 метри, недоволно за пласман меѓу 12-те најдобри. Нормата за место во финалето беше 6,75 метри.
Најдобрите 12 спортистки кои се пласираа за финалето, ќе се борат за медалите за два дена, на 8 август, од 20 часот.
Шпановиќ сезонава се мачеше со повредата на Ахиловата тетива и не успеа да се опорави и да скока за медал во Париз.