Владата на Република Македонија, донесе одлука дека треба да ги наградат младите кошаркари до 18 години, за освоениот златен медал на Европското првенство за јуниори.
Кошаркарите на Македонија зад себе имаат успешен турнир, донесоа златен медал, откако во финалето ја совладаа селекцијата на Австрија со резултат 98:88.
Со овој триумф, нашата репрезентација автоматски се пласираше и во А дивизијата.
„На мој предлог денес Владата донесе одлука за награда во износ од 3 милиони денари на кошаркарите до 18 години кои освоија злато на Европското кошаркарско првенство. Оваа “златна” генерација донесе 8 победи за Македонија. Горди сме на нивниот успех, со срце и енергија за Македонија и нејзината спортска промоција“, порача премиерот на Република Македонија.