Атлетико Мадрид го промовираше своето ново засилување

Атлетико од Мадрид го потврди трансферот на шпанскиот централен бек и шампион на ЕУРО 2024, Робин Ле Норман од Реал Сосиедад. 27-годишниот фудбалер започна шест од седумте натпревари на Шпанија за време на ЕП и ја зацврсти својата репутација како еден од најдобрите дефанзивци.

Тој сега му се приклучи на Атлетико по осум години минати во клубот од Сан Себастијан во зделка вредна околу 30 милиони евра. Ле Норман потпиша петгодишен договор со својот нов тим. Дефанзивецот ќе го засили одбранбеното јадро на Диего Симеоне откако Атлетико се раздели со Каглар Сојунчу, Габриел Паулиста, Марио Хермосо и Стефан Савиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО