Јанковиќ и Цеков најдобри на 45. издание на пливачкиот „Илинденски маратон“

По повод големиот празник Илинден, Охрид по 45. пат беше домаќин на „Илинденскиот маратон“ на кој најдобри беа Сара Јанковиќ од ПК Скопје и Петар Цеков од ПК Вардар.

Јанковиќ го преплива малиот маратон со време од 32:18.68 минути, а заврши пред сестрите Јована Неделковска и Ивана Неделковска од ПК Скопје.

Во машка конкуренција прв заврши Петар Цеков, со време 29:19.53 минути. Зад него финишираа Кристијан Стојановски од ПК Скопје и Теодор Тасески од ПК Вардар.

Маратонот се одржа во организација на Клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“ , а е под покровителство на Советот на Општина Охрид.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО