Британскиот тенисер, Енди Мареј во четвртокот со пораз мечот во двојки, со Даниел Еванс, и со солзи во очите ја заврши кариерата. Тејлор Фриц и Томи Пол беа подобри од нив (6:2 и 6:4) и така заврши една голема кариера.
Следеа овации на Ролан Гарос каде што се игра тенис на Олимписките игри (ОИ), а Мереј не можеше да ги контролира емоциите. На прес-конференцијата по мечот, тој истакна дека негова најголема желба е Новак Ѓоковиќ да го постигне тоа што го сака.
– За Ѓоковиќ освојувањето на златниот медал во Париз значи многу. Секој пат кога ќе игра за својата земја, можете да видите колку му значи. Би било фантастично кога би можел да освои олимписко злато, изјави Мареј.
Србинот и Британецот се големи пријатели, а во текот на кариерата одиграа неколку неверојатни натпревари.
– Моите најголеми натпревари беа против Ѓоковиќ. Игравме финале во Австралија, финалиња на сите грен слемови, игравме и на Олимписките игри… Новак го познавам од 11-годишна возраст, истакна Мареј.
Мареј (37), кој стана професионалец во 2005 година, како тинејџер, одигра 1.001 сингл меч во кариерата и многу повеќе во двојки. Тој освои 46 АТП титули и ја предводеше Велика Британија до победата на Дејвис купот 2015 година.
Мареј настапи на пет ОИ, победи двапати, во Лондон 2012 и во Рио 2016-та. Има освоено и три грен слем титули, во Њујорк 2012 и на Вимблдон, 2013 и 2016 година.