Поради повреди на неколку важни играчи во Манчестер Јунајтед, овој клуб ќе убрза два трансфери следните денови.
Откако беше потврдено дека новиот играч Лени Јоро го загубија на барем два месеци, а се повреди и Расмус Хојлунд, во Манчестер сметаат дека е време да се интензивираат трансферите и новите засилувања.
Според информациите на Телеграф, Ајван Тони е прва мета и дефинитивен избор во овој момент, додека на дефанзивната позиција тоа е Брантвајт. Евертон ги одбиваше сите понуди на Јунајтед, 35 милиони фунти одбија, сега бараат преку 40 милиони, па можеби Јунајтед ќе мора да ги плати.
Во Јунајтед се свесни дека мора добро да ги засилат сите позиции пред почетокот на новата сезона, во која Тен Хаг нема да има право на грешка, бидејки веќе ја доби довербата и затоа сега мора да ја оправда.