Швјонтек нема да се бори за златото во Париз

Полската тенисерка Ига Швјонтек, најдобрата во светот, го загуби полуфиналето на Олимписките игри во Париз. Подобра од Швјонтек, во два сета 2:6, 5:7 беше Чивнен Женг. Седмата тенисерка на ВТА листата на овој начин си го обезбеи најмалку сребрениот медал.

За Швјонтек ова е прв пораз од 2021 година на терените на Ролан Гарос каде е трикратна последователна шампионка. Швјонтек е најмладата тенисерка и прав која пред да наполни 25 години успеала да слави четири пати на вториот Грен слем во сезоната.

Но, овој пат теренот „Филип Шатрие“ не и беше наклонет, го доживеа третиот пораз во 38 настап.

И на претходните дуели се виде дека Ига не е на своето ниво, особено во претходното коло против Даниел Колинс. Женг ги соголи сите нејзини слабости.

Во првиот сет, финалистката на Австралија опен дури три пати и го одзема сервисот на противничката, додека Швјонтек успеа да се врати со само еден рибрејк.

Се чинеше дека работите ќе одат подобро во вториот сет, поведе со 4:0, но потоа повторно потоа. До крајот освои само еден гем, а противничката седум.

За златниот медал Женг ќе се бори против победничката од дуелот меѓу Дона Векиќ и Ана Каролина Шмилдова.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО