Челниците на Милан веројатно ќе испратат нова понуда за фудбалерот на Монако, Јусуф Фофана откако првичната од 17 милиони евра беше одбиена од тимот од Кнежевството, велат денешните вести од Италија.
Паралелно се појави информација дека англискиот состав Вест Хем е подготвен да плати 35 милиони евра за Фофана но играчот ја одбил понудата бидејќи сака да настапува за „росонерите“.
Медиумите тврдат дека Милан ќе подигне сумата и дека Фофана од наредната сезона ќе игра на Апенините.