Фудбалскиот состав Манчестер Сити ќе треба да плати казна од 2,3 милиони евра поради неколку прекршувања на правилникот на Премиер лигата поврзани со официјалниот почетокт на натпреварите.
Имено, „граѓаните“ во претходните две сезони, дури 22 пати го одложиле почетокот на натпреварот или неговото продолжение. Имало случаеви кога почетокот доцнел само една минута но, тоа било уредно забележано од официјалните лица и затоа Сити ќе мора да плати солидна сума во касата на ФА.