Челси ја прифатил понудата од Атлетико за Галагер

Челси ја прифатил понудата од Атлетико Мадрид за играчот од средниот ред, Конор Галагер, откако тој го одби новиот договор со „сините“ во јуни.

Англискиот репрезентативец (24) сега може да преговара за личните услови откако беше прифатена понуда од околу 33 милиони фунти, според извори во Шпанија.

Се смета дека Челси ја претпочита продажбата на клуб надвор од Англија, па затоа одлучил да прифати пониска понуда од 45-те милиони фунти на Астон вила.

Останува нејасно дали Галагер ќе прифати преселба во странство, но клубот од Лондон е подготвен за трансфер бидејќи следната година му истекува договорот.

Се верува дека тој во јуни го одбил новиот тригодишен договор, структуриран во две, односно со опција за уште една година. Галагер, би можел да се одлучи да го напушти клубот како слободен играч следното лето и самиот да избере нова средина.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО