Германскиот Бундеслигаш, Борусија Дортмунд денеска го официјализираше трансферот на Паскал Грос. 33-годишниот фудбалер од средниот ред. Грос се враќа во Бундеслигата, по одличните настапи за англискиот Премиерлигаш, Брајтон.
– Со нетрпение го очекувам почетокот на мојата авантура во Борусија Дортмунд. Ова е огромна работа за мене бидејќи од дете сум навивач на Борусија, а сега добивам шанса и да играм во мојот омилен клуб.
Верувам дека ќе ја оправдам довербата начелниците на клубот кои инсистираше да ме ангажираат, изјави Грос.
Грос потпиша двегодишен договор со Борусија Дортмунд, а претходно седум сезони го носеше дресот на Брајтон.