Македонскиот прволигаш Гостивар кој сериозно се засили за новата сезона, го напушта Гостивар. Тие се одлучиле на овој потег откако стана јасно дека во новата сезона на истиот стадион ќе настапува новиот прволигаш, Беса.
Општина Гостивар практично донесе одлука и Беса да игра на стадионот во Гостивар, а во таков случај квалитетот на теренот не ќе може да издржи две екипи во прволигашката конкуренција.
Одлуката на Гостивар е да игра на Градскиот стадион во Штип. Во меѓувреме ќе следува поголем зафат на стадионот „Борис Трајковски“ во скопската населба Маџари, кој во иднина треба да биде домашен терен на овој тим.
База на гостиварци ќе биде теренот во селото Петровец каде што ќе се одвиваат тренинзите под водство на тренерот Муарем Муарем.
Гостивар летово ангажира неколку квалитетни засилувања, а „најзвучно“ странско име е Набил Дирар, поранешниот фудбалер на Монако, Фенербахче и на Клуб Бриж.
Доведени се и неколку квалитетни македонски фудбалски имиња како што се Душко Трајчевски, Марко Симоновски, Дарко Глишиќ, Константин Чешмеџиев, Мевљан Мурати итн.